Преку овој портал МИА - Здружение за здравствено просветување и унапредување на здравјето низ непосредна комуникација со јавноста ќе избира најдобар лекар, стоматолог, фармацевт и медицинска сестра на годишно ниво. Наградите во четири категории ке бидат доделувани под називот “НАЈ ЛЕКАР“, “НАЈ СТОМАТОЛОГ“, “НАЈ ФАРМАЦЕВТ“ и “НАЈ МЕДИЦИНСКА СЕСТРА“ .
Доколку при остварувањето на здравствената заштита, во комуникацијата со лекарот, стоматологот, фармацевтот или медицинската сестра сте доживеале позитивно искуство, сега имате можност тоа да го кажете јавно со учество во номинацијата “НАЈ“ како благодарност. Позитивниот пример кој Вие сте го доживеале поделете го со јавноста со што ќе мотивирате случување на уште многу такви примери.
Учеството е едноставно. Со притискање на копчето НОМИНИРАЈ се отвара формулар во кој покрај вашите податоци потребно е да го впишете и името и презимето на лицето кое го номинирате, установата/ институцијата каде работи, градот и категоријата за која го номинирате и кратка приказна со која ќе објасните што таа личност направила да се чуствувате благодарни. Потоа притиснете го копчето ЗАПИШИ и вашата приказна ќе биде испратена до нас.
Сите испратени номинации ќе бидат достапни до корисниците на овој портал. Ќе биде овозможено со читање на номинациите да одберете за кого сакате да гласате од номинираните лица во сите четири категории. Вашето учество, како глас на јавноста, ќе помогне во креирањето на моделот на здравствен работник каков би посакале да сретнете при остварувањето на здравствената заштита.
ПРАВА НА ПАЦИЕНТИ - ПРАВА ЗА СИТЕ
за подобра комуникација во здравството Вашиот глас да биде чуен